ФОТО: Комарец
Почитувани,
Првин сакаме да ѝсе заблагодариме на јавноста за поддршката во изминатите неколку дена! Денешната прес конференција, како идеја, произлегува од сограѓаните и е присутна помеѓу младите.
Позади нас се наоѓа Спомен-домот ,,АСНОМ’’, некогаш симбол за доедукација и култура на градот, денес руина во заборав на времето.
Граѓанската иницијатива ,,Младите за Кочани’’ нуди идејно решение, односно проект преку кој ќе се решат проблемите и ќе се врати стариот сјај и углед на местото.
МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР е проект кој ќе биде финансиран од идната локална власт со дотации од 5% од вкупниот буџет на Општина Кочани за младински политики и проекти на младите.
Центарот ќе поседува канцеларии, сала за прес-конференции и простор кој ќе биде бесплатно отстапен за настап и проби на бендови, диџеи, актери, сликари, уметници, со цел успешно реализирање на нивните потреби. Музичката школа ќе добие дополнителна финансиска помош и ќе биде простор обезбеден за Co-working. Младинските организации ќе добијат простор за зајакнување на нивните капацитети и пренесување на нивното знаење на младите.
Преку европските образовни програми и мобилност можност за доедукација преку процесот на неформално образование на учениците од градинките, основите и средните училишта со цел подобрување на воспитно-образовниот процес и образување на квалитетни ученици.
Преку МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР во Советот на Општина Кочани ќе извршиме реизбор на нови членови на Локалниот младински совет и ќе го ставиме во функција во транспарентна постапка, со претходна консултација на сите младински организации и младински работници од градот.
Идејното решение за нов изглед на објектот ќе биде доделено на студенти и неодамна дипломирани архитекти од Општина Кочани, со цел да го валоризираат своето знаење и труд во објект кој ќе биде од големо значење за младата популација во градот.
Затоа, обраќајќи се кон сите вас кои со децении очекувате независна граѓанска иницијатива за општествена самообнова, ве информираме дека ќе вложиме максимални напори вашите идеи и искрени желби за поинакво и поубаво Кочани да станат реалност! Да си подадеме рака! За нашата општина! За нашето драго Кочани!
Независна листа на советници, чиј што носител е Венко Крстевски.
Благодариме!
Извор: Комарец