13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Максим Димитриевски: Имаме сериозна политичка програма за подобар живот во Куманово

Кандидатот за градоначалник од коалицијата предводена од СДСМ, Максим Димитриевски и советниците од оваа листа, денеска на градскиот плоштад во Куманово, одржаа прес-конференција на која најавија дека во наредниот период пред граѓаните ќе ја презентираат програмата со која настапуваат на локалните избори и ќе побараат поддршка од кумановци.

– Имаме сериозна политичка програма со која ќе настапиме достоинствено, ќе влеземе во секоја врата ќе го посетиме секој дом и домаќинство и ќе ја побараме вашата поддршка. Затоа што сакаме да го промениме ликот на Куманово. Сакаме да изградиме и создадеме модерна и урбана целина во која сите нејзини граѓани ќе живеат сложно и просперитетно, изјави Димитриевски.

Со Планот за живот во општина Куманово, додаде, се предвидени сериозни, нови капитални проекти кои ќе значат директен бенефит за секој граѓанин во општината.

– Она што можевме досега го покажавме, не очекуваат уште голем број на нереализирани проекти кои сакаме да продолжиме заедно со вас, да ги реализираме од вас за вас, истакна Димитриевски.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави