Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Иван Соколов вчера имаше своја промоција во салата на Спомен дом АСНОМ во Делчево.
На почетокот на промоцијата, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и здружената коалиција ги поздрави своите коалициони партнери од партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО НП, за кои како што рече изразува особена благодарност.
Кандидатот за градоначалник Иван Соколов доколку биде избран за градоначалник навести заедничко решавање на проблемите со кои се соочува општина Делчево.
-Почитувани сите заеднички да се сплотиме и да им навестиме на граѓаните дека доаѓа пролет, дека започува нова ера, дека ќе се менуваат работите на подобро, да навестиме дека нема повеќе да молчиме, дека во Делчево ниту земјоделците ниту индустријалците ќе молчат повеќе, сите заедно ќе тргнеме во ново време сите заедно ќе тргнеме во една подобра Македонија сите заедно ќе тргнеме кон едно подобро Делчево, рече меѓу другото на вечерашново претставување кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Иван Соколов.