7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ приведени и малтретирани од полицијата во Ново Село

„Хунтата на СДС ја киднапира правната држава и суспендира владеењето на правото.

Нервозата од неизбежниот пораз на СДС се очигледни и затоа нивното дивеење и притисоци продолжуваат и оваа вечер.

Токму во Ново Село се приведени од полицијата и малтретирани активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои биле вклучени во изборната кампања.

Ова е само продолжување на праксата на политичка хајка која се води спрема ВМРО-ДПМНЕ кoja e израз на стравот и паника од поразот кој ги очекува.

Ова е обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што станаа сопственик на цела една Фабрика Герас Цунев по цена колку една гарсоњера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромшатијата“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави