13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Абдул Хамид (1842-1918) и неговите приврзаници

 

      … Тој бил уште нарекуван како “Крвавиот султан” “Црвениот султан”или само како “Зулумот” поради деспотскиот режим кој го вовел, а и поради масакрите врз христијаните во Отоманската империја, ерменците во Цариград и Сасун 1894-1896 ,и Битолскиот, Солунскиот и Одринскиот вилает за време на Илинденско-Преображенското востание 1903година

. Почитувани “десни популисти и “хистерични левичари”свесен сум дека насловот е помалку непримерен, па сепак, дозволете со ова скромно писание да се обидам за момент да Ви го оттргнам вниманието од “националните интереси” “канализациските проблеми” “развојот на локалната инфраструктура” и се разбира, “прашањето со името”.
Една од многуте дилеми кои од време на време ја вознемируваат домашната “експертска” јавност, е онаа за партиските процедури преку кои партиите ги бираат своите кандидати за изборни функции, (национални или локални сеедно)
Останува впечатокот дека најчесто post festum (како што најчесто бива кај нас) се констатира од страна на истата “експертска”јавност, дека во голема мера, партиите без оглед на самопрокламираната идеологија, некако се (не)вешти во воспоставувањето на демократски процедури внатре во самите партиски структури.
И додека на повеќето од нас, со право или не, ни е сосема сеедно што и како прават партиите со себе, понекогаш, во услови на краткорочно “просветлување”, ни се наметнува прашањето – како по ѓаволите, овие кои не се во состојба да воспостават елементарни демократски процедури во сопствените организации, ќе не демократизираат нас останатите?
Вообичаено, ние сме истренирани решенијата кои се однесуваат на секојдневното функционирање на ова наше уморно општество, да се носат од “некои’’ или “некого” некаде “озгора” “ горе” ‘’од врвот” и сл. Тие поими имаат во себе некаква мистика, некаков беспоговорен авторитет, тие се прифаќаат како очигледни вистини, тие се догма.
И како такви тие имаат влијание на сите аспекти од нашето секојдневие. Тие се тука 24/7. Без оглед со што се занимаваме, каков степен на образование имаме, пол, возраст, брачен статус и афинитети, предрасуди и табуа. Тие се секогаш со нас.
И бидејќи беспоговорно прифаќаме решенија од “горе” веројатно не треба да бидеме изненадени од тоа што во земјава постојат “државни научни работници”, “државни писатели” постојат како парадокс, но сепак ги има “државните бизнисмени”,па потоа “државни службеници кои не мора да одат на работа” и сл. Всушност, вака гледано, ние како да имаме проблем од “премногу држава”, но, не сите, не сите почитувани.
Актуелната градоначалничка на Тетово, г-ѓата Теута Арифи, очигледно повешта од нас останатите, успева некако, повторно да ја добие довербата од ДУИ, ја има од СДСМ, а и беше нудена и од ДПМНЕ!? Без оглед на загадувањето, без оглед на тоа што дивоградбите низ и околу Тетово ги има на секој чекор, без оглед на училишните паралелки, нивното сместување, ѓубрето и неговото “интегрирано менаџирање”…Теута Арифи е успешна во очите на ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ!?
Таа знае како да ги одбегне стапиците на “премногу држава”

Се обидов да пронајдам информации од пред неколку години кога СДСМ го обвинуваше Бујар Османи, но не успеав, ги нема? Продолжив со потрагата, што се случи со оние силни “ракоплескачи” од Сојузот на Стопанските Комори на Македонија, на чело со Бранко Азески, или со “строгите но праведни” рецензенти на магистратурата на Никола Груевски. Ги нема и нив. Громовникот од Карпош, Миљетиќ, Стоиљковиќ, Дачиќи и Пачиќи, ги нема. Само вечните Михајло Маневски, Владо Камбовски, Владо Поповски… не реформираат одново и одново…и одново…и одново…

1.  Владо Поповски (досегашен советник во Советот на град Скопје и кандидат за истиот од ВМРО-ДПМНЕ)

Ќосето бил масовен убиец Нова ТВ – 15.09.2014

2. Подземен патриотизам Слободен печат

Не знам зошто некои мислат дека заканите со Ќосето, односно Касапот, … но и по живот, слушнавме во серијата „Вистината на Македонија“, … што тој најдобро ја познавал – платен убиец, што ги колел жртвите..

3. Ордановски: Се плашам дека ако Ќосето беше жив ќе го убиеше.. 

  • Слабакот Груевски се заканува Зошто Груевски се заканува со серискиот убиец и ликвидатор Ќосето? Самиот си кажа: Затоа што е слабак, во очај, …

 

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов

поврзани објави

Последни објави