13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Почна вториот меморијален турнир во мал фудбал „Сашо Оцевски-Мешко“ (галерија и видео)

Во тек е второто издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Сашо Оцевски- Мешко“ Турнирот беше отворен синоќа на игралиштето за мал фудбал – Голем парк, во населба Драчево.
Турнирот и ова година е организиран од семејството, роднините и пријателите на Сашо, а е помогнат од кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, Филип Темелковски и од ТВ Сонце.
Првиот ден на меморијалниот турнир помина во прекрасна атмосфера, дружење и сеќавање за Сашо, неговата огромна добрина и љубов кон спортот.

Дарио Шимиќ го отвора Вториот меморијален турнир „Сашо Оцевски-Мешко“

Турнирот со пригоден говор го отвори Давор Шимиќ, кој меѓу другото рече:
„Почитувани, минатата година посакав да се собереме во уште поголем број. Посакав овој меморијален турнир во мал фудбал токму на ова место да стане традиционален, и тоа го кажав и пред Вас. Всушност, го нагласив неколкупати. Така и се случи. И среќен сум заради тоа. Ви благодарам. Се случи и ќе се случува и во иднина, затоа што сите ние бескрајно го почитуваме нашиот Мешко. Бескрајно посакувам и да можевме на друг начин денеска да му честитаме роденден. Но, ете… Токму затоа, во наредните три дена преку игра ќе му испратиме друга порака. Порака на сеќавање, љубов, другарување. Така и ќе зборуваме за него. Низ игра. И не само денеска, секогаш! Почитувани, да не должам, а можам да зборувам уште долго…Би сакал да се им заблагодарам на сите наши пријатели кои овозможија да се одржи овој турнир. Истовремено, сакам да им посакам среќа на сите учесници од вкупно осумте екипи кои до сабота ќе ги одмеруваат силите на овој терен. Оттука, го прогласувам турнирот за отворен. Нека победи најдобриот!“

Сашо Оцевски- Мешко

На турнирот ова година земаа учество екипите: Коперникова, Сториа Кафе, ССК 83/84, Комити Драчево, Јувентус.MK,ТВ Сонце,Златна Копачка и СДСМ К.Вода.

Во вечерта на отворањето беа одиграни првите два натпревари од турнирот во кои екипата на Сторија кафе ја победи Коперникова со 7:2, а ССК 83/84 ги победи Комити Драчево со резултат 3:1. Вечерва ќе се одиграат уште два натпревари од програмата: Јувентус.мк- ТВ Сонце и Златна Копачка- СДСМ Кисела Вода.

Турнирот ќе трае до 30 септември (сабота), кога ќе се оддржи и големото финале.

Меморијален турнир Саше Оцевски – Мешко (Отварањето е поместено за пола саат во 20:00 час )

Posted by Меморијален турнир Саше Оцевски – Мешко on Monday, September 25, 2017

Погледнете ја и галеријата од овој настан:

поврзани објави

Последни објави