9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Каква е состојбата во реформаторска Битола

Вчера вечер членови на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО ДПМНЕ одржаа состанок во Битола.
На состанокот присуствуваа голем број на членови незадоволни од севернокорејското раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес се известени дел од присутните на состанокот дека нема да бидат на кутии во избирачките места и дека дел ќе бидат и разрешени од функции.

И не случајно малку погоре раководството го нареков севернокорејско, па можам слободно да речам дека Северна Кореја е лулка на демократијата за разлика од врхушката на ВМРО ДПМНЕ.

Друг случај, во познатата битолска населба Генимале, раководството на тој МК(со голем број на членови) си поднесе оставка и се приклучи кон реформите во ВМРО ДПМНЕ.

Актуелното раководство во Битола на ВМРО ДПМНЕ е под силен притисок од страна на врхушката и ги користи сите методи за да ги предомисли реформаторите од Битола да се повлечат од иницијативата, но сакаме да му пренесеме дека никој нема да не предомисли бидејќи ВМРО ДПМНЕ ни е пред се, ВМРО ДПМНЕ ни е над се!
Ние сакаме реформи во нашата партија за враќање на силата и угледот на ВМРО ДПМНЕ како предуслов за враќање на пиедесталот на политичката сцена во Република Македонија!

ДА Е ВЕЧНО ВМРО, ДА Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!

Пишува: Петар Дељановски

поврзани објави

Последни објави