13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Мерка за општинско-корисна работа, 446 лица ќе даваат социјални услуги за граѓаните

Во следните шест месеци 466 долгорочно невработени лица ќе бидат ангажирани да даваат социјални услуги за граѓаните во 39 општини, преку Програмата „Општинско-корисна работа“ дел од владиниот ревидиран оперативен план за вработување за 2017 година.

Најчести услуги кои ќе ги даваат овие лица, за што посетувале и соодветни обуки, се грижа и поддршка на стари лица во домашни услови, поддршка на лица со пречки, но годинава за прв пат се вклучуваат и образовни асистенти или лица кои им помагаат на лицата со пречки во образовниот процес.

– Со општествено корисна работа се постигнуваат две цели, од една страна се поттикнува вработување долгорочно невработени лица, а од друга страна се започнуваат одредени социјални сервиси на локално ниво кои општините ги идентификувале како потребни за граѓаните, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Информира дека за оваа мерка се издвојуваат повеќе од 20 милиони денари од Буџетот на РМ, а дополнителни средства има обезбедено УНДП. Преку неа ќе се ангажираат 466 граѓани во 39 селектирани општини, а годинава има нови 4 општини. Ангажираните лица ќе даваат 102 социјални услуги ќе се спроведуваат со мерката.

Министерката истакна дека вклучувањето образовни асистенти или лица кои им помагаат на лицата со пречки во образовниот процес, услуги, што, како што рече, користат 140 лица во 18 општини, но и давањето социјални услуги општините ќе го препознаат како корисно и оти ќе продолжат да го развиваат и по истекот на спроведувањето на оваа мерка.

поврзани објави

Последни објави