9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

СДСМ Дебрца: Општинската зграда во Мешеишта е претворена во изборен штаб на Трајкоски

„Кој сега ги злоупотребува општинските простории за партиски цели ?

Четири години Трајкоски ги злоупотребува општинските простории и службените возила за партиски цели.

За среќа, на 15 Октомври доаѓа крајот.

По локалните избори наместо за партиски цели општинската зграда на поранешната општина Мешеишта, во село Мешеишта ќе ја ставиме во функција на граѓаните.

Ќе отвориме општинска канцеларија и канцеларија на општинското комунално претпријатие, каде граѓаните ќе можат да добиваат дел од општинските и услугите на општинското комунално претпријатие, со што ќе се намалат нивните трошоци за патување до центарот на општината“, соопштуваат од СДСМ Дебрца.

поврзани објави

Последни објави