-2.2 C
Skopje
сабота, декември 13, 2025

ДИК: 1.814.644 граѓани со право на глас за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) по спроведените промени во избирачкиот список и неговото заклучување соопшти дека за претстојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомви, право на глас ќе имаат вкупно 1.814.644 гласачи.

Според изводите од избирачкиот список запишани се 1.735.682 гласачи, 77.071 гласач се на привремена работа/престој во странство, 1.882 се на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како трајно иселени лица.

Овие локални избори ќе бидат шести од осамостојувањето на Македонија, а ќе се спроведат на 3480 избирачки места, 80 општини и во главниот град Скопје. Вториот круг ќе биде закажан за две недели подоцна, односно на 29 октомви.

поврзани објави

Последни објави