4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Моќна порака на празниот Камп Ноу

Пред празните трибини се одигра натпреварот меѓу Барселона и Лас Палмас од кој што победник излезе тимот на Лионел Меси (3:0).

Барса бараше одложување на натпреварот поради референдумот за независност на Каталонија, но Шпанскиот фудбалски сојуз не можеше ништо да промени, па Барселона одлучи да го одигра натпреварот без присуство на публика, од безбедносни причини.

За време на натпреварот на семафорот стоеше порака на која што пишуваше “Демократија“, додека претходно играчите на Лас Палмас излегоа на теренот со маички од шпанското знаме, додека фудбалерите на Барселона имаа јасно каталонски бои на себе.

Полицијата беше поприлично брутална спрема луѓето кои излегоа да гласаат, а еднакво безобразна беше и делегацијата на Шпанскиот фудбалски сојуз која не дозволи одложување на натпреварот меѓу Барселона и Лас Палмас.

Кој знае каква катастрофа може да се случи ако Каталонија се отцепи.

Каталонските клубови се закануваат со неиграње во шпанските првенства а тоа до некаде би значело и крај на успешноста на Барселона и Реал Мадрид. Но, некако тоа нам ни изгледа далеку и нереално..

Фото

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -