Експерти предупредуваат дека ризикот од малигни заболувања и предвремено стареење на кожата кај љубителите на тен стекнат во солариум е многу голем. Емитувањето на ултравиолетови зраци доведува до моменталното ослободување на меланинот – пигментот на кожата кој го предизвикува добивањето на тенот. Извештај на Светската здравствена организација од оваа година, меѓутоа, предупредува дека дури една посета на солариум го зголемува ризикот од малигни заболувања на кожата за 20%. Ако се сте редовен корисник на таа услуга и сте помлад од 35 години, ризикот се зголемува за 59%.