ФБИ не смета дека напаѓачот кој уби над 50 луѓе во Лас Вегас, дека е поврзан со „Исламска држава“, како што тврди терористичката организација. Ова го соопшти The Guardian.
Полицијата извршила претрес во домот на напаѓачот, кој се наоѓа 130 км. далеку од Лас Вегас. Според агентот на ФБИ Арон Рус, нема докази, дека стрелецот го примил исламот, како што тврди „Исламска држава“ од свој пропаганден апарат.
„До моментот имаме определено, дека нема врска меѓу нападот и меѓународните терористички организации“, посочи тој.
Инаку, 64. годишен маж отвори оган по посетителите на концерт во Лас Вегас. Претседателот Трамп го нарече нападот “акт на чисто зло“.