28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Нападот во Лас Вегас ( краток преглед на целиот настан)

Најмалку 58 лица загинаа, а повеќе од 515 беа повредени по вооружениот напад за време на музички фестивал во Лас Вегас, тоа е најкрвавиот вооружен напад во историјата на САД. Напаѓачот стрелал неколку минути во толпата која била присутна на фестивалот а се наоѓала под прозорите на неговата соба на 32-тиот кат во хотелот Мандалај Беј. Полицијата верува дека напаѓачот се самоубил непосредно пред специјалните сили да влезат во неговата соба. Во собата се пронајдени 10-на броеви на огнено оружје. Властите го идентификуваа напаѓачот како Стивен Падок на 64 години од градот Мескит во државата Невада, која се наоѓа околу 130 км. од Лас Вегас. Во неговиот дом веќе е извршен претрес. Полицијата сè уште не го знае мотивот за нападот. “Исламската држава” ја презеде одговорноста за нападот, истакнувајќи дека Падок преминал во Исламот пред неколку месеци, но од ФБИ изјавија дека напаѓачот „нема врска со меѓународните терористички организации“.
Во специјалната изјава по трагичниот настан, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападот е „чин на чисто зло“. Европскиот парламент ја испочитува паметта на жртвите со едноминутно молчење. Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до својот американски колега Трамп.

поврзани објави

     

Последни објави