9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Меси и друштвото од утре активираат штрајк!

Лео Меси, Луис Суарез, Андрес Иниеста и останатите фудбалери на Барселона утре нема да тренерираат бидејќи ќе пристапат кон штрајк.

Барселона најави штрајк за вторник после инцидентот на референдумот кој е одржан во Каталонија, а во официјалното соопштение упатено до јавноста е истакнато дека “клубот во вторник ќе биде затворен“.

Работничките синдикати од Каталонија повикаа на регионален штрајк, а во повикот како повод се наведуваат “огромни кршења на права и слободи“. Во текот на неделата, која беше референдумски ден во Каталонија, полицијата се обиде да го спречи неговото одржување и изјаснувањето на самите гласачи за незаивноста на оваа покраина, а избија и големи нереди во кои се повредени повеќе од 880 луѓе. Барселона не е првиот фудбалски клуб кој утре ќе штрајкува, бидејќи истото го најави и Гирона.
Инаку, на референдум излегоа малку повеќе од 40 % запишани гласачи, а за независност на Каталонија се изјаснија дури 90 % од нив.

поврзани објави

Последни објави