Дефанзивецот на Барселона Жерард Пике помина низ вистински пекол на денешниот тренинг на репрезентацијата на Шпанија во Мадрид.
На медиумите овие денови најактуелна тема е независноста на Каталонија и референдумот на кој 90 % од гласачите гласаа за отцепување на оваа покраина од Шпанија, а како што Пике веќе стотина пати јавно се изјасни за тоа што мисли за целата ситуација, имаше бурен дочек во тренинг центарот, што и беше очекувано.
Сепак, можеби не се очекуваше тоа да биде изразено во волкава мера. На денешниот тренинг на Црвената фурија беа присутни неколку илјади навивачи на Шпанија од Мадрид кои на Пике му порачаа јасно што мислат за него.
Освен громогласните извикувања и свирки, се слушаа и повици: Ѓубре, излегувај од репрезентацијата“, Излегувај, излегувај, како и многу други бројни навреди…
Жерард Пике вчера заокружи “ДА“ на гласачкото ливче од референдумот, а навивачите на Црвената фурија од раководството бараат фудбалерот да биде избркан од националниот тим. На сето тоа, Пике порача дека е “Каталонец од глава до пети“ и дека ќе сеповлече ако другите сметаат дека неговото присуство му претставува проблем на некој во шпанската репрезентација.