9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Коневски: На 15-ти октомври граѓаните ќе кажат дали го ценат нашиот ангажман или веруваат на лажни ветувања

Жалосно е што не се дозволи да се одржи референдумот за бегалците, доколку тој беше на денот на локалните избори ќе се намалеа и трошоците, а граѓаните ќе имаа право да се изјаснат по ова прашање, истакна кандидадот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, кој гостуваше во емисијата „Само вистина“.

Коневски не ги коментираше анкетите за неговиот рејтинг, наспроти рејтингот на неговиот против-кандидат.

На 15-ти октомври граѓаните ќе кажат на кого повеќе му веруваат и дали го ценат нашиот ангажман или веруваат на лажни ветувања, подвлече Коневски.

Истакна дека од сите проекти кои биле ветени, не бил реализиран само еден, но оти биле реализирани проекти кои не биле предвидени во програмата.

Тели дека најмногу се гордее со Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Коневски верува дека Коце Трајановски ќе победи во изборот за градоначалник на Град Скопје за да може да ја продолжат својата соработка.

На обвинувањата од противкандидатот на СДСМ, Златко Марин дека Коневски не успеал да изгради општинска зграда, Коневски истакна дека тоа не е изградено, бидејќи доколку се изградела општинската зграда ќе требало да се жртвуваат многу од 200-те реализирани проекти во општината.

Коневски нагласи дека очекувал оти Марин ќе водел конструктивна предизборна кампања, но дека тоа што досега кандидатот на СДСМ го правел е само обвинувања кон Коневски.

поврзани објави

Последни објави