13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Време е учителот да се врати, да ја исчисти и да стави ред во “училницата“

Македонија веќе 27 години како е самостојна, независна и суверена држава. Важноста на сите овие години се чини со текот на времето се менуваше но не губеше тежина. На македонската политичка сцена видовме, слушнавме многу политичари, луѓе кои биле на позиции да одлучуваат, да ја образуваат држава и општеството и преку тоа да изградат модерна, демократска држава интегрирана во ЕУ и НАТО.

Според мене сите политичари се интересни и оставаат каков таков, свој белег, но сепак како пример за еден политичар кој се чини секогаш зборувал храбро за сите теми без ни малку доза на лицемерие кога станува збор за вистината без разлика на тоа колку е болна и не убава за увото на обичниот граѓанин, ќе го спомнам лидерот на ВМРО во Македонија Љубчо Георгиевски. Велам, ЛИДЕР, зошто навистина се покажа и докажа како лидер на сите нас (ВМРОВЦИ) Македонци.

Овој текст нема ни одблизу за цел, да ја извртува реалноста и да се обидувам да му наметнувам некому одредено мислење или став во кој мора да верува или мора да го поддржува. Но сакале, нејќеле, ова е ВИСТИНАТА. И да, тој не е безгрешен, не е соврешен, бидејќи нели такво нешто не ни постои. Правел грешки за време на неговото владеење, но се носел со нив, а имал и лице да се извини и да ги признае, нешто што е реткост за денешните политичари.

Самостојноста и независноста на Македонија ја правеше ВМРО-ДПМНЕ како парламентарна група која во 90-тите отвараше различни дискусии, дебати, меѓутоа и постојани кавги и навреди во парламентот. И додека едниот се бореше за независност, самостојност и В М Р О, другиот се бори по секоја цена да остане на власт зошто истиот е свесен дека после пораз на локални избори ќе мора конечно да ја понесе одговорноста. И додека едниот години во опозиција, години на власт се спротиставуваше на најголемите светски сили поради тоа што завземаа страна во 2001 (поради што доби забрана за патување во САД) другиот го користи народот како алиби за неговите нечисти работи кои имаат врска СО СЕ, само не со Македонија. Во нивните две политички кариери кај едниот можеме да забележиме јасна доза на саможртва (поднесувањето на оставка од потпретседател на претседателот Киро Глигоров, повлекување од лидерство од најмоќната македонска политичка партија, јавно спротиставување на најголемите светски сили) додека кај другиот освен егоизам, не можеме да видиме ништо жртвувано за Македонија и македонскиот народ. (Освен ако за жртва не се смета 14 години на престолот во партијата од која поединци се збогатија многу брзо)

 

За жал во приказнава, првиот е претставен како национален предавник (затоа што ја кажува суровата реалност без влакна на јазикот) додека другиов е/беше прогласен за национален херој без чие постоење не би постоела ниту Македонската држава и народ. Но нејсе, дојдено е времето ученикот по казна да ги научи лекциите (особено оние основните, за животот) а учителот да се врати и да стави ред, но и да ја исчисти “училницата“ од ученици кои не припаѓаат на таа паралелка! Дојде време браќа ВМРОВЦИ, дојде час, да се слушне ВАШИОТ ГЛАС!!!

Пишува: Гоце А.

поврзани објави

Последни објави