-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

За Барди пишува и „Скај Спорт“: „Имајте го на ум ова момче“!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, бележи одлични настапи во дресот на новиот клуб, Леванте и досега зад своето име запиша три гола, и тоа не обични, тука сите беа евроголови.

22-годишниот поранешен фудбалер на Ујпешт ги затресе мрежите на Депортиво Ла Коруња, Валенсија и Реал Сосиедад, а токму заради овие прекрасни голови како и поради фантастична игра, за Барди пишува и елитниот „Скај Спорт“. Во статијата на британски медиум „Најдобрите пет млади фудбалери кои не настапуваат во Реал и Барса“, Барди е претставен како вистинско откритие во Примера, а доказ за тоа е и челното место кое го дели со Жоакин и Фереира Караско во најдобрите стрелци на Примера, кога се сметаат само играчите од средниот ред.

На крај британскиот медиум пишува дека со големо внимание треба да се следат настапите на Барди, кој многу лесно, уште во идната сезона, може да ги засили редовите на некој поголем клуб.

Извор: Гол.мк

поврзани објави

Последни објави