21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Бомба од Апенините: Крај на новата ера во Милан?

Во средината на април оваа година, кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли, во име на конорциумот Спорт Инвест Лукс, за сума од 740 милиони евра, закупи 99,99 посто од акциите на италијанскиот гигант Милан.

На тој начин заврши 31 годишната ера на Силвио Берлускони, кој од Милан направи еден од најуспешните клубови во светот.

Меѓутоа, поради лошите резултати во последните неколку години, навивачите на Милан, со воодушевување го прифатија доаѓањето на новиот газда, кој се обврза во следните три години да инвезтира 350 милиони евра во клубот.

Во текот на трансфер периодот Милан потроши дури 220 милиони евра, што предизвика огромно задоволство кај навивачите, но сепак резултатите на почетокот од новата сезона се разочарувачки.

Денес, како гром од ведро небо во Италија оддекна бомбата дека новиот газда на продажба ставил 25% од акциите на славниот италијански клуб, по сума од 200 милиони евра, со цел да си го покрие кредитот кој го зема од инвестиционит фонд, за да ги купи Росонерите.

Засега никој не покажал заинтересираност за четвртина од акциите во Милан, па останува да се види што ќе се случува во следните неколку дена.

поврзани објави

     

Последни објави