Селекцијата на Шпанија се собра на подготвителниот период пред натпреварите за СП против Албанија и Изреал. Во центарот на вниманието се најде Пике кој беше исвиркан од требините и навредуван.
Пике и порано беше еден од најомразените играчи во Шпанија, а после гласањето за независност на Каталонија, изгледа дека ситуацијата за него се влоши. Навивачите побараа да го остави дресот на Шпанија.
На сето тоа се огласи и Рамос кој му порача на Пике дека не му е паметно да се меша во политиката. Играчот на Реал Мадрид изјави дека очекувал вакви навреди на сметка на дефанзивецот на Барселона, но секако ќе му пружи поддршка.
„И порано кажав дека не треба да се меша во сите тие работи, а потоа се чуди зошто му свират. Секако дека ќе му дадат поддршка, но морам да признаам дека не ме изненади тоа што се случи на третингот. Се надевам дека во иднина ќе биде попаметен“, изјави Рамос.