-7.2 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Еди Рама во ненајавена посета на САД

Албанскиот премиер Еди Рама ненајавено отпатува во еднодневна посета на САД, јави дописникот на МИА.

Според извори од Владата, причина за итното заминување на Рама за САД е смртта на неговиот близок пријател Артур Фанкелстен.

Но, бидејќи Фанкелстен почина во месец август, албанските медиуми оценуваат дека тоа е само алиби за заминувањето на Рама за САД и посетата ја поврзуваат со последната изјава на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу за криминалот во Албанија.

Пред два дена Лу предупреди дека во Албанија дејствуваат четири криминални кланови, контролирани од 20 криминални семејства, кои се занимаваат со одгледување и дистрибуирање на дрога, трговија со луѓе, уцени, кражби на автомобили и перење на пари.

Иако во запирањето на производството и дистрибуцијата на канабис е постигнат одреден напредок, сепак, според американскиот дипломат, најголемиот предизвик на Албанија се уште е борбата против организираниот криминал.

– Се додека „големата риба“ не биде уапсена и ставена во затвор, постои опасност повторно да се вратат проблемите со производство и дистрибуирање на канабис, нагласи Лу.

До сега нема никаква реакција од Владата во врска со изјавата на американскиот амбасадор.

поврзани објави

Последни објави