Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од пехчевското епицентрално подрачје биле почувствувани денеска во Пехчево, Кочани и во околината на овие градови, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Најсилниот земјотрес се случил во 14 часот и 53 минути со магнитуда од 3.6 степени според Рихтеровата скала. Неговиот епицентар бил на 6 километри западно од Пехчево.Дел од потресите биле почувствувани и од населението во Кочани и околината.
Извор: www.kajgana.com