-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Венгер прави очајнички потези: Во јануари ќе го продаде својот љубимец само за да го задржи Алексис

Топџиите не ја започнаа баш најдобро својата нова сезона, но во последно време играат се подобро.

Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер наводно ќе се обиде да продаде неколку играчи во јануарскиот преоден рок.

Англиските медиуми тврдат дека Французинот има за цел да остави простор за поголеми плати на најдобрите играчи.

Тео Волкот, кој како големо засилување пристигна на “Емиратите“, а никогаш до крај тоа не го оправда, е еден од играчите кои имаат големи примања.

Во оваа сезона тој потполно го изгуби своето место во првите 11, па често се случува истиот цел натпревар да го следи од клупите за резерви.

Чини се дека неговите денови во тимот на Арсенал се одбројани, па во јануари тој ќе ги напушти Топџиите.

Вест Хем и Евертон се главни кандидати за него, а покрај тоа би можеле и да му ја понудат истата плата која Тео ја има во Арсенал, а таа изнесува 110 илјади фунти неделно.

Волкот има само една желба, а таа е настап на Мундијалот 2018. Сигурно е дека брзоногиот офанзивец не е единствен, бидејќи Венгер ќе се обиде да продаде уште неколку играчи како би успеал на крајот да им ги понуди потребните финансии кои ги посакуваат Озил и Алексис Санчез.

поврзани објави

Последни објави