Белгиската репрезентација, во својот тренинг камп, се подготвува за последните два натпревари од квалификациите за Светското првенство, против Босна и Херцеговина.
Во таборот на Белгијанците очигледно владата има одлична атмосфера, бидејќи Црвените ѓаволи веќе обезбедија пласман на Мундијалот, па во завршницата на квалификациите влегуваат потолно растеретчени.
Најдобриот фудбалер на Белгија, сјајниот Еден Азар, во текот на тренингот одлуи да ги покаже своите боксерски вештини демонстрирајќи една “опасна“ комбинација на удари.
Сето тоа, секако, беше со цел да се опушти во добра атмосфера, а неговите соиграчи се пошегуваа на негова сметка, па Мичу Бачуаји, кој ги снимаше потезите на Азар, па му даде и надимак “Еден МекГрегор“.