ФОТО: Хајдук од Сплит доби вистинска убавица од автобус кој се „закотви“ на Пољуд

138
хајдук

Славниот хрватски клуб Хајдук од Сплит, по урнекот на големите клубови денеска се пофали со својот нов клупски автобус, кој мора да признаеме плени со својата внатрешна и надворешна убавина.

Автобусот од марката „МАН“ денес беше претставен пред новинарите откако беше внесен на стадионот „Пољуд“.

Несомнено тимот на Хајдук сега може да се пофали дека го има еден од најубавите и најмодерни клупски автобуси во регионот.