-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Филмска измама: Се претставил дека е од Кувајт, па му продал часовник за 200 евра

Скопјанец вчера во текот на денот бил измамен на филмски начин до толку што ако каже на некој, тешко дека ќе го поверува.

Имено Р.У. на возраст од 64 години  пријавил дека  околу 09.30 на ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин”  во Скопје, поточно во непосредна близина на паркот од страна на непознат сторител извршена му е измама при што е оштетен за сума од 12.000 денари.

Измамата сторителот ја извршил на тој начин што додека оштетениот заедно со својата сестра од Струга, се движеле на горенаведената локација, во еден момент им пришло машко лице на возраст од 50-60 години и им кажало дека има сопруга  која била болна и се наоѓала во возило  зад зграда во непосредна близина на паркот. Истовремено го прашал оштетениот дали знае некој странски јазик односно германски, бидејќи со него имало едно машко лице дојден од Кувајт, којшто исто така имал болна жена сместена во болница во Косово  а сега требало да оди во болница во Скопје, каде му било кажано дека за лекување на неговата сопруга требало да даде 5.000 евра.

Но бидејќи наводниот кувајтчанец не ги познавал еврата (како валута) ниту имал толкава сум, според натамошното “објаснување“ на измамникот, кувајтчанецот имал златен часовник кој вредел 5.000 евра. Во меѓувреме се појавило и другото машко лице на возраст од 40 години кој се претставил дека е од Кувајт  и  од паричникот извадил  часовник-жолта боја и му го дал во раце на Р.У. притоа му побарал 200 евра за да го увери докторот дека има евра а потоа за половина час ќе се врати за да си го земе часовникот. По ова двете лица заминале во непознат правец, а оштетениот откако минали 30 минути и откако истите не се вратиле сватил дека е измамен.

поврзани објави

Последни објави