10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Младите за Кочани: Избраните советници да се откажат од паушалот кој би одел во солидарен фонд

Независна листа на група избирачи носител Венко Крстевски излезе со интересен предлог до останатите кандидати во трката за советнички места со кој би се откажале сите новоизбрани советници во советот на Општина Кочани од месечниот надоместок, односно паушал.

 

„Бидејќи сакаме да презентираме и спроведеме граѓански концепт со цел ставање на општествената солидарност во фокусот на политичкото дејствување како главна општествена вредност, најпрвин ја известуваме јавноста во општина Кочани дека наш прв предлог во рамките на советот ќе биде СОВЕТНИЧКИТЕ ПАУШАЛИ ДА БИДАТ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН СОЛИДАРЕН ФОНД.

Целта на предложениот фонд ќе биде солидарна финансиска помош за сите егзистенционално загрозени граѓани, во прв ред болните од тешки и ретки заболувања.

Доколку предлогот не биде усвоен едногласно, нашите претставници во новиот состав на Советот, ќе пристапат кон еднострана реализација на предлогот.

Денес се случи настан кој ја потврдува исправноста на нашиот предлог. Имено, советничкиот состав во заминување за 10 минутна работа ќе добие полни паушали (12 000,00 денари), со што се оштетува локалниот буџет за над 240 000 денари бруто.

Ова е класичен пример за нетранспарентно и неефикасно трошење на народните пари.“, стои во дописот.

Со сличен предлог и ветување вчера излезе и кандидатот за градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев кој изјави дека ќе се откаже од платата и службеното возило.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -