23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Младите надежи за првпат по три години поразен дома, Србија славеше со 0-2

Селекцијата која годинава ни донесе најмногу радост, фудбалската репрезентација за играчи до 21 година, денес по три години пауза го забележа првиот пораз.

Во Скопје сосема заслужено славеше Србија со 0-2, со голови постигнати во првиот дел преку Луќиќ и Живковиќ. Новата генерација на селекторот Благоја Милевски денес прикажа една неубедлива и пасивна игра, па северниот сосед сосема заслужено славеше.

Шанса за поправен Македонија има веќе следниот четврток кога гостуваме во Португалија кај аутсајдерот Гибралтар, меч од кој сите очекуваат победа.

поврзани објави

Последни објави