Дијамант од 1.109 карати, кој тежи речиси 220 грама, канадската компанија „Лукара“ го продаде на луксузната британска златарница „Граф дајмондс“.
Дијамантот наречен „Леседи ла рона“, што значи „Наше светло“ е ископан од рудник во Боцвана во 2015 година.
Тоа е најголем дијамант од 1905 година. Тогаш во Јужна Африка беше ископан дијамантот „Кулинан“ од 3.106 карати, кој потоа бил исечен на помали дијаманти, од кои некои се наоѓаат на круните на британското кралско семејство.