Две девојки беа уапсени од страна на унгарската полиција, откако за нив беше разпишана европска потерница, кои се осомничени за тероризам, стои во соопштението од унгарското Министерство за внатрешни работи.
Девојките биле уапсени во четвртокот на само еден час по полноќ на граничниот премин Рожке, кога се обидувале да влезат во Србија, со автобус на релација Виена – Софија. Според информациите од полицијата, едната девојка е на возраст од 18 години и е со потекло од Белгија, додека другата била 19 години, државјанин на Франција.
Портпаролот на владата Золтан Ковач изјави дека овие две млади девојки имале цел да им се приклучат на останатите исламски екстремисти кои се поврзани со Исламската држава.