Околу илјада приврзаници на рускиот опозициски лидери Алексеј Навални, кој се наоѓа во притвор, се собраа денеска на протест во Москва, на денот кога рускиот претседател Владимир Путин го прославува својот 65-роденден.
Учесниците на протестот скадндираа „Русија ќе биде слободна“ и „Русија без Путин“. Тие побараа од рускиот претседател да се повлече од функцијата, да го ослобои Навални од притвор и да му дозволи да се кандидира на претседателските избори предвидени за 18 март 2018 година.
Во понеделникот 41-годишниот Навални беше осуден на затворска казна во траење од 20 дена, поради организирање на протести без одобрение на властите во текот на март и јуни годинава. Тој е задржан во притвор до правосилноста на пресудата.