Фудбалерот на ПСЖ Нејмар наводно барал од Европската фудбалска унија да неговиот поранешен клуб Барселона биде отфрлен од Лига на шампионите бидејќи не му е исплатен бонусот за лојалност. Бразилецот минатото лето премина од каталонскиот клуб во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
Како што покажува нивниот извештај, УЕФА го одбила барањето и иако пратила одговор до адвокатите на Нејмар, ниту еден момент не помислија да го прифатат тоа, пренесува АС.
Барањето на Нејмар е, без сомневање, само уште еден показател дека разделбата меѓу него и Барселона не поминала во пријателски тон. Барселона го тужеше Нејмар, кој потоа возврати со контра тужба.