7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

21 работник на штипската фабрика „Актива“ добиле труење од храна

По интервенцијата во болницата во Штип, 21 работник на фабриката „Актива” завршиле на домашно лекување. Тие добиле труење по ручекот во фабричката менза.

Работниците на Инфективното одделение во клиничката болница во Штип се јавиле  со симптоми на повраќање и дијареа.

Од фабриката велат дека веднаш повикале санитарна инспекција и дека се чекаат резултатите од испитувањата. Кујната во фабриката во која рабитат 400 работници е затворена, а организиран бил и  нов дотур на храна за вработените.

„Актива“ произведува делови за автобуси за белгиската компанија „Ван Хол“.

 

Извор: МКД

поврзани објави

Последни објави