Поранешниот италијански репрезентативец, Андре Пирло, најави дека ќе стави крај на својата кариера, веднаш после крајот на сезоната во МЛС, која завршува во текот на декември.
„Во еден момент сваќаш дека твоето време заврши. Секој ден се појавуваат нови здраствени проблеми. Тешко е да се тренира вака, како порано. Со сигурност ќе продолжам да имам улога во фудбалот, но на друга позиција“, изјави 38 годишниот Пирло.
Во својата богата кариера, Пирло има играно за најголемите италијански гиганти, Милан, Јувентус и Интер, а во 2006 година стана светски шампион со Италија.