Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја предводеше државната церемонија во Загреб со која е одбележан Денот на независност.
Хрватскиот сабор пред 26 години на тајна седница прогласи независност на Хрватска од Југославија.
„8 октомври е ден кој нè потсетува на нашата задача да продолжиме да работиме на зајакнување на општествениот поредок во согласност со почитување на универзалните вредности, правната држава и економските слободи, за доброто на сите граѓани на слободна Хрватска“, рекол Пленковиќ.
Тој додал дека одлуката на државниот врв пред 26 години го отворил патот кон меѓунардно признавање на Хрватска, воспоставување дипломатски односи со бројни држави и повторил дека Хрватска тогаш ги доживеала најтешките денови поради, како што рекол, српската агресија над Хрватска со голема улога на ЈНА.
Извор: www.makfax.com.mk