Во својата книга „Новата Русија“, Михаил Горбачов пишува отворено и директно за распадот на Советскиот Сојуз, за крахот на транзицијата кон демократија и пазарна економија во Русија и Источниот блок, за подемот на Путин, враќањето на авторитаризмот и опасноста од нова Студена војна
Михаил Горбачов – единствениот претседател на СССР е лицето кое стои позади „перестројката“ и човекот кој сам вели дека и смета на моменталната власт во Русија – напиша автобиографска книга за времето по промените. Во „Новата Русија“ Горбачов ги прикажува од свој агол клучните историски настани од крајот на 80-тите и 90-тите години на XX век, коментирајќи ја внатрешната и надворешната политика на СССР, а потоа и на Русија.
Во своите мемоари Горбачов го опишува својот последен ден во Кремљ. Раскажува за своите чувства како човек, кој стои на чело на една огромна држава и ја покажува ситуацијата во Русија од првите месеци на 1992 година, методите со кои демократијата била заменета и сложените социјални процеси, што се случувале во државата како резултат на тешката економска криза.
Носителот на Нобеловата награда за мир (1990) упатува критики кон авторитарниот стил со кој владее Владимир Путин и начинот на кој партијата „Единствена Русија“ постепено почнува да личи на советската комунистичка партија, преку освојувањето на целосната власт и спречувањето создавање на вистинска опозиција.
Горбачов го критикува Кремљ поради опасната сличност со идеологиите од почетокот на XX век, поради недостатокот на вистинска демократија и слободни избори и поради занемарувањето на потребите на сиромашните во земјата. Поранешниот советски лидер не молчи и по прашањето за стремежот на САД кон повеќеполарен свет и интервенција на Американците во политиката на одредени суверени држави.
Во својата книга Горбачов го коментира и напредокот на новите големи сили како Кина, климатските промени, зголемувањето на социјалната нееднаквост и кризите, до кои тоа неизбежно ќе доведе, исламскиот тероризам, конфронтацијата на Русија со НАТО, опасноста од нова Студена војна и др.
„Новата Русија“ не е само мемоарна книга – таа е и предупредување до Русија и кон светот за опасниот курс преземен од страна на многу народи и влади.
Книгата фрла светлина и врз лажната информација за смртта на Михаил Горбачов од август 2013 година, и содржи писма од негови приврзаници, кои комуницирале со него во периодот 1991-2013 година.