11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

УЈП: Граѓаните да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса

Радиодифузната такса треба да се плати заклучно со септември, а од Управата за јавни приходи апелираат граќаните и фирмите да ги платат и заостанатите долгови за оваа давачка.

„Граѓаните и фирмите имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови по решенијата за радиодифузна такса за периодот јанури 2011 година – септември 2017 година. За сите специфични случаи, за да може уредно да се затворат финансиските картици кои УЈП ги води за обврзниците на радиодифузна такса, граѓани и фирми, ќе бидат објавени дополнителни информации на нашата веб страница “, велат од УЈП .

УЈП за октомври нема да издава решенија за плаќање на радиодифузна такса, бидејќи оваа давачка е укината со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои беа донесени минатиот месец.

Извор: www.libertas.mk

поврзани објави

Последни објави