Во текот на вчерашниот ден на плоштадот во Свети Николе се одржа изложба на историски возила – „олдтајмер собир“.

Посетителите можеа да видат изложено над 50 возила, како од цела Македонија, така и од соседна Србија и Бугарија.

Настанот беше збогатен со дневен концерт на бендот Троја од Радовиш, а имаше и проекција на филмот Avec l’amour, снимен за Дионис Пашлаков, најголем вљубеник и колекционер на олдтајмери во Македонија.















