23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Морбидно: Една година живеел со лешовите на братот близнак и мајка му

Маж од Минесота, една година живеел со починатите мајка и брат близнак. Како што наведува, нема храброст да ги пријави како мртви, а останатите членови на семејството ги лажел дека се болни и не може да примат посети.
Телото на мајката било во фаза на распаѓање, додек на братот било мумифицирано, открива полицијата.
Името на човекот кој ги сокривал телата е 60-годишниот  Роберт Џејмс Куфлер, а е обвинет за нарушување на местото на смртта бидејќи го поместувал телото на мајката.
„Луѓето мислат дека не сум нормален, но јас сум нормален. Ги сакав и бев само трауматизиран. Ја гледав својата мајка како умира, секогаш зборуваше дека сака да умре дома, во куќата“ рекол Куфлер меѓу другото во исказот.
Полицијата откри дека по смрта на мајка му (94) и братот, Куфлер не подигнал пари од нивните банкарски сметки.

 

поврзани објави

Последни објави