Митовите велат дека мажите го сакаат сексот, но тоа подеднакво исто важи и за жените, кои понекогаш знаат да направат грешка, која може да им донесе неугодности за време на сексот.
Бричење на интимните делови
Девојките често пред секс се бричат на интимните делови, тоа ќе придонесе кожата да биде чувствителна, но и можат да се појават мали исеченици, поради кои се зголемува ризикот за добивање на инфекција.
Се храните со зачинета храна
Треба да избегнувате конзумирање на зачинета храна пред секс, затоа што може да предизвика надуеност на стомакот и гасови. Покрај тоа, од зачинетата храна ќе се променат мирисот и вкусот на вашите интимни делови.
Користите лекови против алергија
Не користете лекови против алергија, затоа што антихистамините ја сушат слузницата, што ќе предизвика сушење на вагината и нема да можете максимално да уживате во односот со својот партнер.
Преголема конзумација алкохол
Алкохол во умерена доза е сосема во ред, но доколку пиете повеќе отколку што е потребно, многу тешко можете да доживеете оргазам. Алкохолот е депресив, па внимавајте колку чашки ќе испиете.