Како што јавува ESPN, Лионел Меси е подготвен да се повлече од аргентинската репрезентација.
Аргентина игра натпревар за одлука против Еквадор и тоа во гости и мора да победи доколку сака да оди на Светско првенство. Но, ситуацијата е таква да Аргентина и со пораз може да оди понатаму.
Потсетуваме, во последното коло играат Бразил и Чиле, Еквадор и Аргентина, Парагвај и Венецуела, Перу и Колумбија, Уругвај и Боливија. И додека се очекува натпреварот за одлука, ESPN објави дека Меси најавил повлекување од репрезентацијата доколку не се избори пласман во Русија, а истото го најавил и неговиот клупски соиграч Хавиер Маскерано.
Натпреварот во последното коло се игра ноќта во вторник – среда во 1:30 по полноќ.