Пратеникот ГЕРБ, Пламен Манушев, е избран за заменик-претседател на Политичкиот комитет на НАТО. Ова се случи за време на 61-тото годишно заседание на Парламентарното собрание на Алијансата. Манушев е вицеадмирал. Тој беше кандидат на ГЕРБ за потпретседател на последните претседателски избори во Бугарија. На форумот присуствуваа генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, романскиот претседател Клаус Јоханис, делегати од сите земји членки на НАТО, а исто и претставници на партнерските земји на Алијансата. За време на состанокот беа разгледани соработката ЕУ-НАТО, развојот на европската одбранбена индустрија, стабилноста и безбедноста на регионот на Црното Море.