Шкотската национална партија ја повика шпанската влада “да го почитува” гласањето за независност на Каталонија, објави АФП. Ова се вели во резолуцијата на шкотските националисти кои ја одржаа својата годишна конференција. Членовите на партијата едногласно ја усвоија резолуцијата и го определија каталонскиот референдум, како „израз на демократската волја на луѓето од Каталонија“.