23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Десет големи ѕвезди воопшто ги нема на листата за Златна топка

 

Францускиот фудбал денеска објави имиња на триесет кандидати за престижната Златна топка, а меѓу нив се наоѓа и босанецот Един Џеко, на кого ова му е втора номинација после онаа од 2009. година.

На листата свое место не најдоа големи ѕвезди кои во минатото биле меѓу првите кандидати за голема награда.

Тоа највеќе се однесува на Герет Бејл, кој овој пат не беше во 30 одбрани најмногу поради повредите поради кои пропушти добар дел од сезоната. Поради тоа Бејл не е во првите 11 во Реал, каде што повеќе од успешно го замени Иско кој и денеска има предност кај Зидан. Меѓу кандидатите за Златна топка овој пат го нема ниту Пол Погба, на кого не му помогна ни тоа што е прогласен за најдобар играч во лигата која ја освои Јунајтед. Исто така, од листите изостана и неговиот соиграч, големиот Златан Ибрахимовиќ.
После долго време, номиниран не е ниту Андрес Иниеста, а за многумина е изненадување тоа што ниту Мануел Нојер не најде свое место меѓу 30 кандидати.

Избор за Златна топка 2017. година ќе помине и без Алексис Санчез, Серхио Агуеро, Даниел Алвеш, Ди Мариа, и Гонзалес Игуаин.

поврзани објави

Последни објави