3.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Нејмар сака да му докаже на Меси дека му е доживотен пријател

 

Квалификациите за Светско првенство во Јужна Америка завршуваат вечерва со натпреварите од последното коло.

Последното коло ни донесува вистински спектакл бидејќи пласманот во Русија досега го обезбеди само Бразил, а вечерва ќе ги дознаеме имињата на уште три екипи кој влегуваат директно на СП и една екипа која ќе мора во бараж. Во центарот на вниманието се Аргентинците на кои им е потребна победа за да можат во најлош случај да обезбедат место кое води во бараж.

Аргентина гостува кај екипата на Еквадор која нема никакви шанси да оди на СП: Исто така, многу од работите може да ги реши и Бразил кој го дочекува Чиле кој има само еден бод повеќе од Аргентина. Во случај Бразилците да победат многу лесно би можело да се случи победникот на Купот на конфедерациите да не го гледаме на Светското првенство.

Медиумите во Бразил денеска објавија дека Кариоките против Чиле ќе играат со најдобриот состав иако веќе имаат обезбедено пласман на СП. Наводно, ова ќе се случи на барање на Нејмар кој му ветил на Меси дека неговиот тим ќе даде се од себе да го совлада Чиле.

По истите шпекулации, Меси и Нејмар веќе неколку дена се во контакт, а бразилскиот играч на овој начин сака да му помогне на својот поранешен соиграч и да му докаже дека пријателството со него навистина му е важно.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -