32.8 C
Skopje
Tuesday, July 16, 2024

Савески: Владо Бучковски наместо да добие покана за во Шутка, доби покана за на митинг на СДСМ за да бара криминалците да завршат во затвор

Откажано рочиштето во Основниот суд Скопје 1 Скопје за упадот во канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов за време на протестите минатата година. Рочиштето е одложено поради недостаток на документација за прибирање видео материјал од надзорните камери.

Обвинет за упад во правниот систем на Република Македонија односно за демолирање на канцеларијата на Иванов е Мариглен Демири, еден од основачите на „Левица“. Судскиот процес е започнат пред една година, но се уште не е започната главната расправа каде треба да се изнесат доказните материјали.

– Мариглен Демири е осуден за желбата за демократија во Македонија. Ќе видиме каков ќе биде епилогот, ако има реформи во судскиот процес и се примени владеењето на правото, Демири ќе биде прогласен за невин“, рече Здравко Савески, сопартиец на Демири.

Тој пред медиумите го спомна и екс премиерот на Република Македонија, Владо Бучковски за кој рече дека наместо да добие покана за во Шутка, добил покана за да учествува на митинг на СДСМ.

– Гледаме дека Владо Бучковски наместо да добие покана за во Шутка, доби покана за на митинг на СДСМ за да бара криминалците да завршат во затвор. Дојде животот на СДСМ, рече Савески додавајќи дека учесниците во протестите кои биле членови и приврзаници на СДСМ се вгнездиле во фотелјите на власта и дека СДСМ рехабилитира криминалци кои имаат правосилни одлуки да отслужат казна затвор, како Владо Бучковски, додека пак за својата борба за демократија и социјална правда членовите на „Левица“ ги влечкаат по судови.

Извор: А1он

поврзани објави

Последни објави