Нашата цел е враќање на здравјето и животот на територија на општина Карпош и враќање на здравиот дух кај карпошани, рече Богоев.
Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, денеска во населбата Карпош 4 најави изградба на три реонски базени на територија на општина Карпош.
– Нашата цел е на овој начин да го вратиме здравиот живот и здравиот дух кај сите карпошани. Најмладите ќе може да го користат за спорт и рекреација, како и за нивно правилно градење и растење, а повозрасните карпошани да може да се одржуваат во здрав дух и да се одржуваат во здрава кондиција. Нашата цел е враќање на здравјето и животот на територија на општина Карпош и враќање на здравиот дух кај граѓаните – карпошани – рече Богоев.