Скандалот “Фипронил”, кој ја погоди Европа на крајот на ова лето, се чини дека е далеку од својот крај. Причината – не само во јајцата има зголемено количество на оваа отровна супстанца. Истражување на германското Министерство за земјоделство и храна покажала дека фипронил има 103 од вкупно 473 тестирани производи.
Всушност, истражувањето сеуште не е завршено, бидејќи треба да се проверат уште 800 производи. Излегува дека фипронил е пронајден во многу различни производи – пример ликери, секакви производи, во кои има јајца, како и тестенини и печива. Досега не постои точна листа на поединечни производи и кој ги произведува. За моментов германските власти не сакале од производителите на прехранбени производи со докажано повисока количина на фипронил да ги повлечат своите производи од трговската мрежа.
Во август оваа година, кога изби скандалот со фипронилот, германската покраина Северна Рајна-Вестфалија повлече повеќе од 900 000 јајца со зголемено количество на фипронил од трговската мрежа. Нивното потекло беше од Холандија. Тогаш германските власти објавија дека пронајдената количина на отровни материи не е во таква концентрација што да претставува реална опасност при консумирање. Во Бугарија, исто така беа повлечени јајца и производи, што содржат јајца во својот состав.