4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Делчево прогласи ден на жалоста по трагедијата во која загина цела фамилија

Општина Делчево прогласи денес, ден на жалоста по трагедијата во која животот во стравична сообраќајна несреќа го загуби тричлено семејство.

До несреќата која се случи вчера во 15:40 часот, дошло при директен судар на патничкото возило Фиат Пунто со делчевски регистерски таблички со камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички управуван од 56-годишниот ПГ од Штип.

На лице место загинале 32-годишниот Д.Д. кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро.

поврзани објави

Последни објави